Wednesday, July 6, 2011
Официјално: Лацио го ангажираше Маркети
Римскиот гигант Лацио потпиша со националниот голман на Италија Федерико Маркети, кој доаѓа од Каљари и во следните 5 години ќе стои помеѓу стативите на римскиот клуб.
Маркети го чинеше Лацио нешто повеќе од 5 милиони евра, а младиот голман стана познат со тоа што го замени Џанлуиџи Буфон на голот на ’азурите’ за време на Светското првенство во Јужна Африка минатата година. Но веднаш потоа тој влезе во расправа со претседателот на Каљари кој не му дозволи да премине во Арсенал, па цела година не настапуваше за тимот.
Досегашниот голман на Лацио Фернандо Муслера пак ќе застане на голот на Галатасарај од новата сезона, а Лацио како дел до трансферот на Уругваецот ќе го добие Лорик Цана.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment